ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ЕЛЕМ ДЕНЕСКА НА СУД ЗА СЛУЧАЈОТ „ТАРИФА“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем со вредност од околу четири милиони евра.
Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување дозволувајќи му на правното лице – конзорциум, да се квалификува во втората фаза на преговарање без да има доставено комплетна документација.