СДСМ: Успешниот попис е основа за креирање ефикасни економски политики за развој

/

„После цели 20 години имаме успешен попис по сите највисоки стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори.

Успешниот и кредибилен попис е основа на квалитетни економски политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните.

Резулатите од пописот на Владата предводена од СДСМ и овозможуваат да носи програми со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на човечкиот потенцијал.

Владата, институциите добиваат јасна слика за планирање и реализација на сите економски стратегии кои ќе резултираат со рамномерен регонален развој.

Истовремено, со оваа успешно спроведена статистичка операција домашните и странските инвеститори конечно ќе добијат одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.



Сега точно се знае дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили; која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечки потенцијал може да биде ангажиран во одредено време.

Со добиените резултати, Владата предводена од СДСМ ќе креира и реализира мерки и политики во интерес на граѓаните кои ќе донесат развој на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Претходна статија

Маричиќ во работна посета на Стразбур

Следна статија

(Видео)Петар Колев: РСМ ги гази правата на Бугарите со помош на одговорен фактор во Софија

Најново од Вести