(Галерија/Видео) Претставата „Одисеј“ на Драмскиот театар од Пловдив ја крена велешката публика на нозе

////

Актерите од Драмскиот театар од Пловдив синоќа во велешкиот театар Јордан Хаџиконстантинов- Џинот ја претставија театарската претстава ,,Одисеј” по Хомер.

Полната сала ги испрати на нозе и со бурни овации актерите по нивната прекрасна изведба.
Велешани и гостите на градот долго време ќе ја паметат претставата ,,Одисеј” не само поради маестралната глума на актерите и актерките туку и по фантастичните визуелни ефекти, музика и кореографија.

Гостувањето на Драмскиот театар од Пловдив во Велес е дел од програмата на XIX меѓународен фестивал на античка драма Стоби . Театарската претстава ,,Одисеј” е расказ за патот на човекот кон самиот себе, против самитот себе и надвор од неговата суштина. Режијата е на Дијана Добрева, автор на драмскиот текст е Александар Секулов, сценографијата и костумите се на Мира Каланова, кореографијата е на Дејан Георгиев, автор на визуелните ефекти е Петко Танчев а музиката е креирана од Петја Диманова.

Во продолжение ви прикажуваме галерија од самиот настан и видео со долгиот аплауз, што го заслужија актерите и креаторите на оваа прекрасна претстава.

Фото: Росен Чепилски и Атанас Величков.



Претходна статија

(Видео)„100 години Baba&Dedo“- документарен филм посветен на вековниот јубилеј на МПО- организацијата на македонските Бугари во САД и Канада

Следна статија

Во близина на Крива Паланка се одржа вториот собир „Коридор 8“ на луѓе од Бугарија и РС Македонија

Најново од Вести