Во близина на Крива Паланка се одржа вториот собир „Коридор 8“ на луѓе од Бугарија и РС Македонија

///

Во околината на Крива Паланка, вчера се одржа вториот собир ,,Коридор 8″ организиран од истоимениот видео подкаст што се емитува секоја недела во живо на You Tube.

,,Се надеваме дека оваа средба ќе стане традиционална. Нашата основна порака е дека луѓето од двете страни на границата се блиски, немаат големи меѓусебни разлики и поради таа причина не треба да се делиме, туку треба да се почитуваме”, изјави Атанас Величков, еден од водителите на ,,Коридор 8″, јавува БТА.

,,Ако пред две години кога ги почнавме нашите средби на интернет некој ми речеше дека ќе се собереме толку многу луѓе со надеж дека можеме да бидеме пријатели и да си помагаме, немаше да му поверувам. Но, чекор по чекор тоа се случува. Бидејќи многу поголем доказ за тоа дека веруваме во тоа што го правиме е тоа што секој еден од нас посветил време за да дојде овде. Тоа е доказот дека тоа што го правиме има смисла и некаква вредност. Фактот што сме денеска овде значи дека од нас зависи нешто”, истакна другиот водител на подкастот Георги Станков.
Телеграма со поздрав до учесниците на собирот испрати и Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, и истата беше пренесена од амбасадорот на Бугарија во Скопје, Н.Е Ангел Ангелов, кој заедно со претставници на бугарската амбасада исто така беше присутен на настанот.

Телеграма со поздрав до учесниците на собирот испрати и Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, и истата беше пренесена од амбасадорот на Бугарија во Скопје, Н.Е Ангел Ангелов, кој заедно со претставници на бугарската амбасада исто така беше присутен на настанот.

,,Коридор 8 е не само популарен подкаст насочен кон комуникацијата, размената на мислења и поврзаноста на Република Бугарија и Република Северна Македонија. Во изминатите повеќе од 140 години реализацијата на инфраструктурата и поврзаноста е поставена во темелите и на денес актуелниот ,,Коридор 8″. Тоа било сон на голем број генерации од двете страни на границата. Денес темата за изградбата на ,, Коридор 8″ е меѓу приоритетните на Р. Бугарија а верувам и за земјите по самата траса на коридорот. И додека реалните активности по изградбата треба да преминат преку голем број предизвици, вие пријатели од граѓанското општество го покажувате патот преку оваа платформа за слободно комуницирање на луѓето од двете страни на границата. Пример како вашиот несомнено придонесува за градењето на добрососедски односи, за слободното изразување и плурализмот, поврзаноста меѓу луѓето, пријателството и подоброто меѓусебно запознавање. Тоа се правилните чекори кои во денешните исполнети со предизвици времиња ќе помогнат за достигнувањето на демократијата и преминување преку траумите од минатото. Исто така сум сигурен дека овие чекори ќе не однесат до заедничката иднина во големото европско семејство”, се вели во телеграмата на министерот Николај Милков.

,,Ја имате целосната поддршка на бугарската амбасада во Скопје. Овој мост за комуникација и соработка станува се поважен имајќи ги во предвид предизвиците пред нас- од војната во Украина, преку енергетиката, гасните врски, медицинските проблеми и очекуваната прехранбена криза. Политичарите од двете страни на границата треба да му обрнуваат се поголемо внимание “, изјави амбасадорот Ангелов.

Сопругата на амбасадорот Ангелов, Билјана Ангелова, имаше подготвено погача со мед и сол, специјално за собирот. Сите учесници на средбата донесоа домашно подготвени јадења и пијалоци со кои се направи заедничка трпеза. На средбата беше претставена и книгата со поезија ,,Нерасамнети предели” на покојниот писател Миле Неделкоски, по чиј роман беше создаден филмот ,,Подгревање на вчерашниот ручек “.

На собирот учествуваа голем број пријатели на подкастот ,,Коридор 8″ од РС Македонија и Р. Бугарија.



Претходна статија

(Галерија/Видео) Претставата „Одисеј“ на Драмскиот театар од Пловдив ја крена велешката публика на нозе

Следна статија

(Видео) Стефанов: Путин сака да го возобнови Советскиот сојуз преку уништувањето на Украина

Најново од Вести