(Видео) Стефанов: Путин сака да го возобнови Советскиот сојуз преку уништувањето на Украина

//

Тоа што сака да го возобнови Владимир Путин е еден илузорен свет, којшто не постои. Тој сака делумно да го возобнови Советскиот сојуз во некакви граници преку уништувањето на Украина, како народ и како територија. Ова за Евроњуз Бугарија го изјави долгогодишниот дописник од Русија, новинарот Чавдар Стефанов.

„Денеска на фонот на мобилизацијата имало состанок на тамошниот Совет за безбедност, а другарот Путин се интересирал за воспитанието во патриотизам во училиштата, бидејќи на протестите биле присутни многу млади луѓе“, вели Стефанов.

Во однос на прашањето за нелегалните референдуми на украинска територија, Стефанов истакна дека таму не гласаат луѓето, туку териториите.



„Таму останаа малку луѓе. Значителен дел, ако не и повеќе од половината, избегаа – или во Русија, мал дел, или во други делови на Украина, каде што е мнозинството. Русија ја започна војната во Украина за да ја демилитаризира и „денацифицира“, но што сега? Има кражба на територија, а луѓето нема да учествуваат во тоа“, вели Стефанов.

Претходна статија

Во близина на Крива Паланка се одржа вториот собир „Коридор 8“ на луѓе од Бугарија и РС Македонија

Следна статија

Компромитирана антикорупција

Најново од Вести