| |

Димитров доручкуваше со Захариева, напладне ќе се сретне и со Коѕијас

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вториот ден од квадрагоналната средба во Солун меѓу министрите за надворешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија го започна со работен доручек со министерката за надворешни работи на Р. Бугарија, Екатерина Захариева. Димитров изјави дека разговорите со Захариева и Коѕијас не се натпревар и изрази уверување дека Балканот може да биде среќно и стабилно место со иста цел, бидејќи сите земји се соочуваат со исти предизвици. Како што информира МНР средбата меѓу Димитров и Коѕијас, што треба да се одржи напладне е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. Министрите Димитров и Коѕијас, се очекува повторно да ги отворат најтешките прашања, поврзани со опсегот на употреба на името што ќе се договори и барањето на Атина за промена на македонскиот устав.




Слични Објави