| |

СДСМ: ПРОДОЛЖУВА УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, ОБЈАВЕН Е ОГЛАС ЗА ГРАНТОВИ ВО ВИСИНА ОД 3.000 ЕВРА ЗА ЖЕНИ ЗЕМЈОДЕЛКИ

„СДСМ продолжува со постојано унапредување на земјоделството, подобрување на условите за земјоделците и намалување на нивните трошоци се’ со цел повеќе пари да завршуваат кај секој земјоделец.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави оглас на кој жените –земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра.

Целта е да се мотивира и да се обезбеди зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство и создавање на поголема додадена вредност во земјоделското производство. Претходно, со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, овозможуваме дополнителна помош и за младите земјоделци со воведување на дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра. Се унапредуваат и се поедноставуваат условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат. Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ. Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците“, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Слични Објави