| |

Светски познатиот бугарски диригент маестро Емил Табаков ќе настапи на „Мајски оперски вечери“

Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20 часот светски познатиот бугарски диригент маестро Емил Табаков ќе ја води изведбата на едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди.

Концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на македонската Филхармонија.

Солисти се Беса Лугичи, сопран од Косово, Сања Анастасиa, мецосопран  од Србија, Никола Китановски, тенор и Игор Дурловски, бас.

-„Реквием“ на Верди е прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на славниот италијански книжевник Алесандро Манцони, потсетуваат од Националната опера и балет.



Слични Објави