ПРОТОЃЕР ЗА ШВРГОВСКИ: „КОПИЛЕ СКАПАНО“

Вести Истакнато Македонија

Во Кривичниот суд е во тек репродуцирањето на „бомбите“ од случајот „Титаник“ на СЈО. Во една од бомбите Мартин Протоѓер, на екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и’ вели дека јавниот обвинител од тоа време, Љупчо Шврговски, сегашен адвокат на Сашо Мијалков, е „копиле скапано“. Шврговски го предизвикал гневот на Протоѓер бидејќи тогашниот јавен обвинител не направил ништо за предметот „НАДЕЖ“, што бил поврзан со Наташа Савова, и како што вели шефот на кабинет на Груевски бил „чист случај за апсење“ на Савова.