SSUCv3H4sIAAAAAAAEAH2QvQrDMAyE90LfIXgOtNCtD9CtP3vooNgimDgRWHZCCXn32rEDHko3333WidNyPFSVaIG1FNdqiSpobYxnZ8FpGoN9rrOPSjuyGkw0o7duRLAD5xk5RmRLgsMu/E1mnt/3NElXO9hgmAhIPEKURVEXhH0byc3QjJbFTtb6T8wLbM+np3eKyP5Ku2uWaAyMSL7ITI/33hg6HOVn61X0tWgQUt8mfRX97NAO5QUmrZAKDV5pKo4xkQQTBy5Fsgx3pyHvW78RoQVyngEAAA==

ЦВЕЌАРИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА

//

Здружението на производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал ќе ја уништи пролетно-летнта реколта, бидејќи не може да го пласира и продава произведеното цвеќе. Тие бараат од владата да преземе мерки со кои ќе им се помогне да опстанат и во оваа криза, бидејќи поради ширењето на коронавирусот и мерките кои се на сила и граѓаните не можат да дојдат до нивните производи.

– Се соочуваме со финансиска катастрофа и со опасност од целосен колапс. Принудени сме да отпочнеме со уништување на пролет-лето реколтата, бидејќи не постои опција да пласираме и да продаваме цвеќе – велат од Здружението.

Оваа алтернативна земјоделска гранка, велат од Здружението, брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, се развива континуирано од осамостојувањето на државата, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања.

Од здружението апелираат граѓаните и оваа сезона да продолжат да купуваат цвеќе.



– Тоа е исклучително важно во оваа криза, бидејќи секој купен производ е значаен придонес и директна поддршка на земјоделците од оваа гранка – велат од Здружението.



Претходна статија

ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР ВО ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТА ЌУСТЕНДИЛ ВО БУГАРИЈА

Следна статија

ПО 3,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АЉИМИ И ГУРИ, КРИВИЧНИОТ СУД ГИ ОБЈАВИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ТИТАНИК 3

Најново од Вести