ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА КОЛКУ ЧИНЕШЕ ПРИВАТНАТА ЗАБАВА НА ЗАЕВ И КОЛКУ ДЕЦА ЌЕ СЕ ИЗЛЕЧЕА СО ТИЕ ПАРИ
ВМРО-ДПМНЕ прашува колку чинеше прославата за НАТО организирана од Владата на Р. Македонија.
„Штом молчите, значи криете нешто и сакате да се исперете преку граѓаните“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДПМНЕ прашуваат дали фирмите што ја финансирале забавата се блиски до СДСМ. Арсовски изјави дека постоеле пресметки и дека забавата чинела пола милион евра. Од ВМРО- ДПМНЕ прашуваат колку деца можеа да се излечат со тие пари и колку лекови множеа да се купат. „Граѓаните му покажаа на Заев дека не го поддржуваат капитулантскиот договор што го потпиша со Грција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека на протестниот марш во Кавадарци неколку 1000 граѓани им покажаа на Заев и неговата партија дека не им е до славење, велат од опозиционата партија.
