„КОМИТИ“ СО ПРОТЕСТЕН МАРШ БАРААТ ПРАВДА ЗА САЗДО

//

Денеска на плоштадот во Автокоманда, во 19:30 часот ќе почне протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо, стои во Фејсбук објавата на навивачката група „Комити“

Повикот за марш ви го пренесуваме интегрално:

Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во
еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.
Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.
Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.
ПРАВДА ЗА САЗДО!!!



Претходна статија

СДСМ: ГРАЃАНИТЕ ВЕЛАТ НЕ ЗА АМНЕСТИЈА НА КРИМИНАЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛАТ ДА ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО И ЕУ

Следна статија

БЕКТЕШИ НА СВЕЧЕНОТО ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА “ДУРА АУТОМОТИВ СИСТЕМС“ВО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести