| |

ЗАХАРИЕВА: ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖИМЕ РАЗГОВОРИТЕ, КОГА ЌЕ ИМА ВОЛЈА ЗА КОМПРОМИС ОД ДРУГАТА СТРАНА

Бугарија ја поддржува рамката за преговори за пристапување на Албанија во Европската унија, но не и таа на Македонија.

Ова го соопшти министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева на брифинг во Министерството за надворешни работи.
Захариева рече дека трите главни услови поставени од Софија не се исполнети и истакна: „Ние сме подготвени да ги продолжиме разговорите кога ќе има волја за компромис од другата страна“.

Сакам да се вложат повеќе напори во преговори отколку во кампањата за оцрнување на Бугарија, рече министерката.

Според неа, значењето на проширувањето е да се направи Унијата посилна и нерешените прашања нема да помогнат за тоа.



Слични Објави