|

Мицкоски: Нема предвремени избори, Владата ќе го истера мандатот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да има предвремени парламентарни избори, бидејќи владината коалиција очекува победа на локалните избори на 19 октомври. Тој нагласи дека Владата е стабилна и има четиригодишен мандат за реализација на ветените проекти, а евентуални предвремени избори би значеле застој од најмалку шест месеци.

Мицкоски рече дека не очекува проблеми на претстојните избори, но оцени дека дел од политичките противници, особено ДУИ, немаат што да понудат освен национализам. Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со смирувачки тонови и ќе нуди реални и остварливи проекти.

„Нашата работа е на терен со конкретни решенија, а нивната на етнички поделби и враќање во минатото“, изјави Мицкоски.

Слични Објави