(Галерија)Во околината на Ќустендил се одржа научна конференција по повод 120-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание
По повод 120-тата годишнина од Илинденско- Преображенското востание во околината на Ќустендил на 29 јули се одржа научно применета конференција на тема ,,Сонуваната слобода, волјата и оружјето на Илинденците”. Модератор на конференцијата беше доц. д-р Станчо Станчев. Со свои излагања на конференцијата учествуваа Владо Тренески, д-р Грујо Чернјаев, Димитар Бојков, д-р Калин Крумов, Албена Георгиева, Иво Леви, Антон Венев, Мирослав Андонов, Иван Сапунџиев и Теодора Србинска.
На сите учесници им беа доделени плакети за учеството во научната конференција. На местото каде што се наоѓала бомболеарницата на ВМОРО во село Длхчево- Саблjар, Јуручко маало, беше откриена спомен плоча.
Честитки до организаторите на конференцијата беа изпратени од Кабинетот на претседателот на Република Бугарија Румен Радев и од министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев.
Почесен гостин на настанот беше проф. д-р Трендафил Митев, на кого му беше доделена почесна плакета за неговиот придонес за зачувување на бугарштината во Македонија. Во склоп на активностите беше раздаден и курбан во спомен на хероите загинати за слободата на Македонија и Тракија.
Организатори на настанот се Воено-историската комисија, Сојузот на воспитаниците на военото на Неговото величество училиште и родољубиво воинство и граѓанство- Ќустендил ,,Полковник Христо Стојанов”, Здружението на македонските Бугари за меѓукултурна соработка ,,Интеракција” , оддел ,,Државна архива Ќустендил” и Народно читалиште ,,Пробуждане 2020″ село Смоличано.