Нуркачки тимови од „Тигрите“ ќе го бараат мажот што исчезна во водите на вештачкото езеро во Липково
Три нуркачки тима на специјалната единица „Тигар“ за кратко ќе ја продолжат потрагата по лицето кое вчера исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковско.
Спасувачките служби од синоќа трагаат по 30-годишен маж од селото Никуштак, кој вчера влегол во езерото кај браната Глажња, по што му се изгубила трага.
Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р..
Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото.