ЛЕСНА ТОРТА
Потребни состојки:
4 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша шеќер
1 чаша масло
3 чаши брашно
1 прашок за пециво
2 лажици какао во прав
Подготовка:
Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, потоа додадете го маслото, јогуртот, брашното и прашокот за пециво. Измешајте и поделете на два дела. Додадете какао во еден дел. Премачкајте ја тавата, посипете со брашно и наизменично истурете го белото и црното тесто. Печете на 200 степени, 35 минути.