| |

СДСМ: УПОТРЕБАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КАКО ВТОР СЛУЖБЕН ЈАЗИК Е РЕГУЛИРАНА УШТЕ СО АМАНДМАНИТЕ ОД 2001 Г.

„Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик е заштитен и обезбеден засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, сега и меѓународно признат и ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО.

Објавувањето на Законот во„Службен весник на РМ“ со потпис на Претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието“- се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

Слични Објави