ПЕТАР КОЛЕВ : НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ АУШВИЦ!
„Холокаустот, нека биде поттик никогаш повеќе да не дозволиме ниту една заедница да страда, бидејќи нема апсолутно никаква оправдана цел или причина за да се уништи ниту еден човечки живот, без разлика на неговото национално чувство, раса или пол.
Да се бориме сплотени заедно никогаш повеќе да не се повтори Аушвиц“, напиша на својата официјална страна претседателот на ГДУ, Петар Колев, по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот.

