СЕДУМ СУДОВИ ВО МОСКВА ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ СИГНАЛИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ

Седум судови во Москва се евакуираат поради сигнали за поставени бомби, јавува РИА Новости. Извршена е евакуација на службениците и посетителите на судските институции, а тимови на Федералната служба за безбедност вршат проверки на објектите.
РИА Новости потсетува дека ова е уште еден бран на сигнали за поставени бомби во Москва и други градови на Федерацијата.

Кон крајот на минатата година голем број сигнали беа испратени за судови, трговски центри, метро станици, училишта и детски градинки. Тогаш поради лажните сигнали илјадници граѓани мораа да бидат евакуирани, се вели во материјалот на РИА Новости.