Средба на Османи и Ковачевски со Мишел: Северна Македонија е во квалитативно повисока фаза во своите односи со ЕУ

/

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на 77-то Генерално заседание на ОН оствариле кратка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој ја претставува Европската Унија на мултилатерален настан.

На средба заемно било потврдено задоволството дека Северна Македонија се наоѓа во квалитативно повисока фаза во своите односи со ЕУ, по отпочнувањето на преговорите.

Министерот Османи на својот фејсбук профил објави дека од страна на претседателот на Европскиот Совет беше истакната недвосмислената поддршка на Унијата за перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со уверување за кредибилен и правичен пристапен процес.



–На средбата стана збор и за веќе одржаните први состаноци со ЕУ во рамките на скрининг процесот, кој е предвидено да трае до ноември идната година, при што од наша страна беше реафирмирана високата подготвеност на земјата за успешен преговарачки процес, особено со оглед дека државата веќе долго време се усогласува со законодавството на ЕУ и бележи над 45 отсто транспонирано ЕУ законодавство во домашното законодавство, пишува Османи на Фејсбук.

Претходна статија

МНР на Бугариja: Последните настани во Москва ја зајакнуваат потребата од поддршка за Украина

Следна статија

Битиќи: Кризната состојба ќе овозможи креирање механизми за справување со кризата

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи