|

ЈЕМЕНСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ХУТИ ПРЕЗЕМАА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДИТЕ СО ДРОНОВИ ВРЗ РАФИНЕРИЈАТА ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Јеменските шиитски бунтовници Хути, кои се тесно поврзани со Иран, преку соопштение денеска информираа за напад со 10 беспилотни летала врз големите нафтени објекти во Саудиска Арабија, јави ДПА.

Нападот предизвика пожари во два големи нафтени објекти управувани од саудискиот државен нафтен гигант Saudi Aramco, во источната провинција Букјак, информира портпаролот на саудиското Министерство за внатрешни работи.

Портпаролот на јеменските бунтовници Јахја Сари изјави дека нападот е „легален одговор“ на тековната воена кампања предводена од Саудиска Арабија против Хутите во Јемен.Ние му ветуваме на саудискиот режим дека нашите следни операции ќе се прошират и ќе бидат поболни, додаде портпаролот на бунтовниците, пренесен од телевизијата al-Masirah.

Слични Објави