|

МИЦКОСКИ: НЕМА КОАЛИЦИЈА ПОБЕДНИК СО ПОБЕДНИК ТУКУ ПРОГРАМА СО ПРОГРАМА

ВМРО ДПМНЕ ќе коалицира со партијата чија програма ѝ е блиска, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Тој рече дека наместо принципот на коалиција за власт, победник со победник тој би преферирал принципот програма со програма.

Мислам дека треба да се фокусираме повеќе на принципот програма со програма, тоа е иднината на политичката сцена, не можеме ние победник професија да ни биде. Или имаме заедничка програма и таа програма ќе ја реализираме или ние немаме практично никаков бенефит за нашите гласачи ако победникот со победникот не можат да се договорат со програмските начела , тогаш нема да може да се реализираат ветувањата, изјави Мицкоски.

Слични Објави