МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ СЕ ВРАТИЈА СО МЕДАЛИ ОД БАЛКАНСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА ВО ГРЦИЈА

//

Ученици – информатичари од земјава освоија три медали од кои една сребрена и две бронзени на Балканската олимпијада по информатика што од понеделникот до денес се одржуваше во Атина.

Сребрениот медал го освои Мартин Динев од валандовското село Пирава, а двата бронзени медали им припаднаа на Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп.

Во тимот беше и Владимир Шарковски од Скопје како натпреварувач, а со тимот раководеа Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Претседателот на Здружението на информатичари Миле Јованов, изјави дека натпреварувачите од нашата земја го продолжиле контиунитетот на одлични претставувања во меѓународни рамки и покажале дека со знаењето што го имаат од областа на компјутерските науки можат да се носат рамо до рамо со своите врсници шурум светот.



Главен организатор на БОИ 2019 беше Здружението на информатичари на Грција. На натпреварот учествуваа 44 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.



Претходна статија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ КЕФАЛОНИЈА

Следна статија

МИЦКОСКИ: НЕМА КОАЛИЦИЈА ПОБЕДНИК СО ПОБЕДНИК ТУКУ ПРОГРАМА СО ПРОГРАМА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да