| |

ЈАНУШЕВ: ЗАЕВ ЈАВНО ДА КАЖЕ ШТО ДОГОВАРАЛ СО АЛИ ГАФУР И НЕГОВИТЕ ЛУЃЕ?

„Во соопштението по средбата на Заев со екс-премиерот на Малта, Мускат, од септември минатата година е наведено: “На средбата помеѓу премиерот Заев и Мускат се разговараше за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња, меѓу коишто, посебен фокус беше ставен на унапредување на соработката во областа на здравството”.

Она што се знае е дека при посетата на Малта, во владината делегација освен Заев е и специјалистот за матни тендери и операции, Венко Филипче. При таа посета медиумите во Албанија пренесоа дека Заев имал тајни средби со Шаукат Али Гафур, либиецот со чија помош се извлечени 51 милион евра од државата и свесно е банкнотирана фирмата која требаше да инвестира во болници.

Заев молчи, а СДСМ го пере дека не било тоа вистина. А одредени наводи кажуваат дека преставници на компанијата на контроверзниот магнат од Либија биле присутни и во Македонија за време на посетата на Мускат. Тогаш Заев ќе каже дека потикнал соработка на бизнис коморите, меѓу кои ја посочува и сферата на здравството.

Со други зборови премногу е очигледно за да биде премолчено.

Заев јавно да каже што договарал со Али Гафур и неговите луѓе? Кои се бизниси биле договарани во здравството, и колку пати Венко Филипче се видел со преставници на компанијата на либискиот контроверзен тајкун? Зошто Македонија ја третира како простор на белосветски измамници и криминалци? Каков бил планот на Заев со измамата со бизнисот со болници?

Директно Заев да одговори зошто овие средби биле тајни, како што пишуваат албанските и медиумите во Малта? Дали Заев или блиски луѓе на Заев се дел од мрежата на десетици офшор компании на Али Гафур“, напиша на својата официјална страна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави