|

ЕРДОГАН ЈА ПОВИКА РУСИЈА ДА НЕ ЗАСТАНУВА НА ПАТОТ НА ТУРЦИЈА ВО СИРИЈА

„Нашите генерали се во постојан контакт и разговараат. Врз основа на тие разговори, ние ги продолжуваме нашите операции“, рече Ердоган. Тој ја повика Русија да не застанува на патот на Турција, бидејќи дејствијата на неговата земја не се насочени кон руската страна, туку само кон режимот на Башар ал Асад.

Ердоган изрази подготвеност да разговара за последниот инцидент во Идлиб со рускиот претседател Владимир Путин.

„Доколку е потребно, ќе разговарам со мојот колега и ќе ја истакнам сериозноста на оваа тема“, додаде турскиот претседател.

Претходно денеска, турското Министерство за одбрана објави дека четворица турски војници биле убиени во напад на силите на Асад, а девет други се повредени. Како одговор на овој напад турски борбени авиони Ф-16 нападнаа позиции на армијата на Башар Асад во Сирија.

Точниот број на загинатите припадници на сириската армија засега е непознат.



Слични Објави