ДИМИТРОВСКИ ПОТПИША ЗА 12-ТИОТ КЛУБ ВО КАРИЕРАТА

//

Владимир Димитровски откако изминатата полусезона беше без клуб, кариерата ја продолжува во Телави од Грузија.

Стоперот минатата сезона ја мина во Работнички, но откако се раздели со „романтичарите“ не пронајде ангажман. По пауза од шест месеци тој повторно се враќа на терените и ќе има ново интернационално искуство.

За 31-годишниот дефанзивец Телави ќе биде вкупно 12-тиот клуб во неговата кариера. Првите фудбалски чекори ги направи во Вардар од каде мина во белгиски Вестерло. Потоа повторно се врати во Македонија и тоа во дресот на Цементарница, а потоа следуваше нов интернационален предизвик во Кроација Сесвете.

Се врати во Македонија во Металург, па играше за Млада Болеслав од Чешка. Следуваше нов кам-бек во Македонија во дресовите на Работнички и Вардар. Играше и за Керкира од Грција, Карабах од Азербејџан, Теплице од Чешка и Докса.



Димитровски има четири настапи за македонската сениорска репрезентација, а дури 22 за младата селекција до 21 година.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ПРИЛЕП-ПЛЕТВАР ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ-ТУТУНАРИТЕ НА ПРОТЕСТ

Следна статија

ДЕМОКРАТИТЕ ВО САД ГО ПОЧНАА ИЗБОРОТ НА НИВЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

Најново од Вести