|

Приведен велешанец поради напад врз жена и насилен упад во нејзиниот дом

Синоќа околу 23 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Ј.С. (59) од Велес.

Приведувањето следело по пријава на 51-годишната К.Х. од Велес, која пријавила дека осомничениот прво физички ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа во два наврати насилно влегол и во нејзиниот дом.

Ј.С. е задржан во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија надлежните.

Слични Објави