| |

Борисов: Потребна ни е стабилна влада, РС Македонија да го почитува договорот

Ако не направиме стабилна влада, Бугарија нема да биде сфаќана сериозно, ќе ги исплашиме и партнерите. Затоа ги повикувам Бугарите да излезат и да гласаат, изјави лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов на брифинг во Бургас, јавува БНТ. Борисов е дециден дека по 27 октомври мора да се формира стабилна влада.

Според лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бугарија не доцни со номинацијата за еврокомесар.

Во однос на Република Северна Македонија, Борисов стои на ставот дека треба да бидат исполнети веќе прифатените обврски.

„Јас сум човек кој ги почитува договорите и затоа кога разговараме со Република Северна Македонија, велиме соседи, почитуваjте го договорот“, вели Борисов.

Слични Објави