| |

(Видео) Стефанов: Русите ќе го отстапат Херсон, претворајќи го во пекол

Има тензија во руската армија, a тоа го покажува и украинската офанзива, изјави Чавдар Стефанов, долгогодишен дописник на БНР,БНТ и БТА во Москва, во емисијата „Одговорите“ на бугарскиот информативен портал „Актуелно“.

„Јас не сум воен експерт и не можам да кажам кој како ќе победи, но општите предвидувања се дека војната би можела да продолжи и следната година и евентуално да заврши на пролет или во лето. Ако заврши се разбира, бидејќи главниот виновник за тоа што се случува, Владимир Путин, е непредвидлив“, подвлекува Стефанов.

„Очигледно Русите се подготвуваат да го отстапат Херсон, претворајќи го во пекол. Последно прочитав дека локалниот заменик градоначалник порачал да се евакуира голем дел од населението на Херсон. Пред тоа, назначениот од Русите заменик градоначалник побара да се евакуираат луѓето од 3 или 4 региони. Вкупно 50-60 илјади луѓе за една недела. Русите се подготвуваат да го дадат Керсон, претворајќи го во пекол. Дури 70-80% од градот беше уништен за време на неговата окупација од руските трупи. А сега што ќе се случи таму, само треба да го следиме развојот на настаните, како се развиваат воените дејства“. Во Херсон не може да нема жртви, смета Стефанов.

Слични Објави