Проф. д-р Пламен Павлов: Што е скандалозно со Иван Михајлов и цар Борис III?
„Што е скандалозно со Иван Михајлов, кој целиот свој живот го даде за слободата на поробените Бугари? Што е скандалозно со царот Борис Трети, кој е познат како обединител и кој беше еден од најпопуларните личности во Македонија во тоа време?“. Овие прашања ги постави проф. д-р Пламен Павлов од Факултетот по историја на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново, во интервју за бугарскиот информативен портал „Актуелно“.
Според Павлов е доволно да се погледне колку луѓе во Македонија го носат името Борис, иако ја негираат нивната врска со бугарскиот цар.
„Борис Трети не е ни толку спорна личност. Во крајна линија, тој е симбол на Бугарија и на националното обединување“, вели Павлов.
Професорот е дециден дека предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за здруженијата и фондациите е „уште еден акт на недобронамерност кон Бугарија, на нарушување на елементарните човекови права, на европските принципи и на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година“.
