ЗА ТРАЈЧЕ, СО ЗЛАТНОТО СРЦЕ

Другар мој со златно срце, секогаш ми велеше ” Нема повеќе другари, само пријатели ” . И во право беше. За оние кои не знаат јас ќе им кажам. Ти беше човек за во друг век, секогаш велеше ” се чувствувам како да не сум за овај свет” . Твоето срце беше предобро за овај свет. Затоа и престана да чука. Одеше од клиника до клиника, не спиен, уморен, но секогаш велеше: “Нема да ги оставам пациентите сами” . За сите други гледаше само за себе не. Немаше шанса да не кренеш слушалка, да не помогниш. Човештвово изгуби еден Човек со големо Ч! Трајче, бескрајно ќе ми недостигаат твоите совети, разговори, мојот другар. Твоето малечко срце во кое ги збираше сите не издржа дете златно. А моето срце е попразно за еден другар. Чест и привилегија ми беше што те познавав, што беше мој другар, но загубата многу болит Трајче! Се сеќаваш ми рече: ” Умрен сум за спиење, сакам да спијам барем два саати” . И заспа ете. Се надевам дека сега ќе се одмориш и ќе спиеш мирно. Се надевам дека таму горе ќе си посреќен. Ах бе другар, ни го скрши срцето, не парчоса. Еден ден можеби далечен, ќе се видиме таму горе, прво тебе ќе те побарам. И ќе те искарам зошто останав без најдобриот другар. А оние што говорат лоши зборови, прости им, не знаат што зборуваат. Да би знаеле еден дел од твојата душа би плачеле. Тие лоши луѓе кои се зли, не вредат. Се сеќаваш на муабетот: ” Како издржуваш на работа “? Ти секогаш даваше одговор : ” Тоа е Све за Љубав “. Љубовта твоја да му помогнеш на секој е поголема од туѓи погани зборови. Ти вечно ќе живееш во нашите срца. Во моето вечно. И ти не умре. Ти само отиде во друга галаксија да продолжиш да помагаш. Само Ангели како тебе му требаат на Бог. Чувај се пријателе, и чувај не ! Вечен да си! И не се секирај Нема да бидеш заборавен. Летај со ангелите дете златно. Се гледаме некад.

Мојот поздрав, не последен, за еден Трајче , детето со златното срце.

Автор: Јасмина Петковска/www.beliotlebed.wordpress.com