СЕЛМАНИ ЗА „УТРИНСКИ БРИФИНГ“: АЛИ АХМЕТИ МОРА ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА, НАПРАВИ ПОГРЕШЕН ЧЕКОР СО АРТАН ГРУБИ

Новинарот Насер Селмани во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека Ахмети направил погрешен маневар со поставувањето на Артан Груби за прв вицепремиер, поради што како што вели, ставил прст во око на дел од раковдството на ДУИ. Селмани додава дека освен Артан Груби се форсира и Бујар Османи, а тие како политички фигури немаат некакво етаблирано гласачко тело.

loading...

-Изворот на нервозата која што е присутна во ДУИ е „неволната“ коалиција со СДСМ. Кога тие би биле прашани со кого би биле во коалцина тие сигурно би одбрале со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ептен се уиграа со бизнисот. Иако тврдат дека коалицијата беспрекорно им функционира, очигледно е дека таа структура која претходно соработуваше блиску со режимот на Груевски, се чувствува изолирана од влијанието во партијата, изјави во Утрински брифинг, новинарот Насер Селмани.

Според Селмани ДУИ нема сила за фракција од внатре, но додава дека не верува дека јазот е толку силен што не може да се надмине. Убеден е дека поделбите не се по идеолошка или политичка линија, туку единствено по пристапот на ресурсите и бизнисот.

-Али Ахмети мора да оди во политичка пензија. Ако знае Ахмети да ги чита пораките треба да ги спакува куферите и да си оди. Главанта поддршка беше од Косово, а со Албин Курти мислам дека таа подршка ќе ја нема, додава Селмани.



loading...

Извор: zoom.mk