ЗАМОКОТ ДРАКУЛА ВО РОМАНИЈА НУДИ „ФАЈЗЕР“ ВАКЦИНИ БЕЗ ТЕРМИН И БЕСПЛАТНА ИЗЛОЖБА

/

Во славниот замок на Дракула во Трансилванија е поставен и Ковид-центар и на посетителите им се нудат „Фајзер“ вакцини против ковид-19. Медицински персонал во заштитна опрема го прашува секој што ќе влезе во замокот од 14. век дали би сакале да се вакцинираат.

Тоа е дел од напорите на Владата да ги поттикне Романците да се вакцинираат во што е можно поголем број.

Од почетокот на пандемијата, во Романија се регистрирани над 1 милион ковид дијагостицирани и околу 29 илјади починати.

Владата вели дека до септември посакува да се вакцинираат 10 милиони граѓани, но речиси половина од населението не сака да се вакцинира, и со тоа има една од највисоките стапки на отпор кон вакцини во Европа.



Од Замокот се надеваат дека неговата уникатна автентичност ќе придонесе да се зголеми бројка на вакцинирани. Во текот на мај, секој викенд, секој може да дојде без термин и да се вакцинира, а притоа и бесплатно да ја посети изложбата со 52 средновековни инструменти за мачење.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА: ФИЛИПЧЕ НЕ САКА НИТУ ВАКЦИНИ, НИТУ НОВ КЛИНИЧКИ, САКА САМО ПРОВИЗИИ!

Следна статија

ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД: МЛАДО МОМЧЕ ИЗВРШИ САМОУБИСТВО

Најново од Вести