(ВИДЕО) „РЕКЕТ“ ТРЕТА ЕПИЗОДА: СТЕФАНОВА НЕ МОЖЕ НИШТО БЕЗ ЈАНЕВА, А БОКИ СТЕКНУВА ДОВЕРБА КАЈ ЗАЕВ
Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот „Рекет“.
Во ова трета епизода Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Орце Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова не може да направи било што без одобрението на Јанева.
Во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека, тој почнал да ја гради довербата на премиерот Заев, кон него.
Целото видео можете да го видите во продолжение:
