ОСЕМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА

//

По повод 18-годишнината од загинувањето на осумтемина армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, делегација од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска ќе положи цвеќе на спомен-обележјата во селата Волково и Љубанци.

Делегацијата ќе положи цвеќе и на споменикот во касарната „Илинден“ во Скопје.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.



Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.

Претходна статија

(ВИДЕО) „РЕКЕТ“ ТРЕТА ЕПИЗОДА: СТЕФАНОВА НЕ МОЖЕ НИШТО БЕЗ ЈАНЕВА, А БОКИ СТЕКНУВА ДОВЕРБА КАЈ ЗАЕВ

Следна статија

СТЕФАНОВА ВО ВТОРНИК НА СОСЛУШУВАЊЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Најново од Вести