ВАРХЕЈИ: ВАКЦИНИТЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ДИСТРИБУЦИЈАТА ВО ЕУ

Комесарот за проширување Оливер Вархеји денеска разговараше со министрите за надворешни и европски работи на земјите од Западен Балкан за координација на стратегиите за вакцинација.

loading...

„Работам на тоа да се осигураме дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат на располагање на Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер.

Тој вели дека за таа цел се издвојуваат средства и се координираат активностите.

„Во пандемијата, ние стоиме покрај Западен Балкан, чија иднина е во ЕУ“, порача Вархеји.


loading...

Тој рече дека ЕУ ќе им помогне на своите соседи, но и пошироко, со цел заедно да ја победиме пандемијата.