ПРОВЕРЕТЕ ГИ ПОДРУМИТЕ И ВИКЕНД КУЌИТЕ, МАЈКА МИ ДА СЕ НАЈДЕ, АПЕЛИРА СИНОТ НА ИСЧЕЗНАТАТА ВЕСНА

Весна Николоска (50) од Прилеп, по која од вчера се трага, откако претходната ноќ заминала од својот дом, се уште не е најдена.

loading...

Прилепчанката за која нејзините сограѓани имаат само убави зборови и е позната во градот како сопственичка на слаткарницата Дизниленд, која успешно работи, била облечена во светли тренерки и темна јакна, и со себе на понела ниту мобилен телефон, ниту пак документи, кога во средата во 23.00 часот излегла од дома.

Нејзиниот син Антонио вчера во телефонски разговор за „Фокус“ откри дека целото семејство е во шок, бидејќи неговата мајка е стабилна личност, а нејзиното изчезнување било нешто кое во никој случај не го очекувале. Тој синоќа повика доброволци да се вклучат во потрагата околу вештачкото езеро кај Прилеп, а денес пак се огласи со апел, граѓаните да ги проверат своите подруми и напуштени куќи, бидејќи неговата мајка не е пронајдена.

-Трагавме околу 300 луѓе синоќа, не наидовме на никаков траг. Денес се пуштени и кучиња трагачи. Не значи дека мајка ми треба да се бара само во Прилеп, туку во било кој град, во целата земја, ако некој ја препознае, веднаш да не информира – вели тој. Додава дека не може да сфати што се случува ниту пак имало причина за нешто вакво од страна на неговата мајка.



loading...

-Разговаравме најнормално ноќта, по десеттина минути излегла од дома и заминала во непознат правец. На снимките од видео камерите се гледа како заминува, како и точното време, појаснува тој. Весна има кратка кадрава костенлива коса, кафеави очи и висока е околу 170 сантиметри. -Луѓе, ве молам, пребарајте ги викендичките, гаражите, подрумите, помогнете ни ја да ја најдеме – апелира синот.

Сите кои имаат било каква информација за случајот да се јават во полиција.