| |

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата за македонскиот и бугарскиот јазик на Ана Паула Закаријаш

„Министерството за надворешни работи ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик и ќе даде свој коментар“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Заев посочи дека кога заврши Самитот на ЕУ, односно Европскиот совет, тој и министерот за надворешни Османи веќе дадоа и „длабински коментари“ за португалскиот предлог и доколку се донесеше одлука, во тој предлог стои дека преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик и ги има унилатералната изјава на С Македонија и унилатералната изјава на Бугарија.

– Ние со Бугарија имаме реципроцитетен договор со кој што потпишуваме договори, одредени меморандуми, спогодби на кои што стои дека тоа е бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија, рече Заев по презентацијата во Влада на законот за отпис на камати и трошоци .

Потсетуваме дека државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш изјави дека во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик.



Слични Објави