Краткиот фитиљ на еден експерт

///

Пишува: Атанас Величков

„Ороспија“, „оваа одлепила не знае што пишува“, „никогаш не бил краво“, „ОВИЕ СКАПАНИЦИВЕ, ЕПТЕН РЕШИЛЕ ДА НЕ УНИШТАТ. ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ???????????????“, „улава“ се само дел од комплиментите повеќето се разбира напишани на латиница (ќе си рече некој дека тоа е официјалното писмо во земјата) што ги доби министерката на Португалија за Европа, Ана Поула Закаријаш, како коментари под пост објавен на facebook страната на З60 степени.

Говорот на омраза насочен кон Закаријаш доаѓа по нејзината изјава дадена пред новинари во Лисабон дека јазикот на Северна Македонија, некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. 

Премиерот Заев денеска соопшти дека МНР ќе ја проверува автентичноста на оваа изјава, спомнувајќи некакво толкување за пред бугарските медиуми. Излегува дека не само во РС Македонија толкувањето е на почит, и Португалците знаеле да толкуваат.

Во целата таа фејсбук „љубовна приказна“ со главни актери бранителите на македонскиот јазик, кои најчесто пишуваат на латиница и португалската министерка, се откројува коментарот на Огнен Вангелов- член на тимот на РС Македонија во мешовитата македонско-бугарска комисија за историја и образовни прашања.

Вангелов на негов си начин се обидува да биде ем саркастичен ем културен, па кажува дека:

По се изгледа г-нот Вангелов, кој инаку е експерт во сферата на политичките науки, откако „внесе ред“ во македонско-бугарската комисија се подготвува за волонтер во некоја идна шпанско-португалска комисија, која би ја разгледувала „дилемата“ дали португалскиот јазик, некогаш бил шпански.

Дали му доликува на член на една комисија која е од исклучлива важност за европската интеграција на РС Македонија да влегува во такви безмислени полемики со „замислен ривал“ има кој да процени, нема потреба од носење на „судски одлуки“.



За тоа какво влијание ќе има ваквиот коментар врз меѓународниот рејтинг на македонскиот дел од комисијата, исто така има кој да мисли.

Изјавата на Закаријаш дојде како гром од ведро небо и во еден момент Бугарија не изгледа толку црна, колку што сакаат да ја претстават голем број лобисти, кои најверојатно само од симпатија кон напорите на нашата земја да започне преговори со ЕУ, со сите дозволени и недозволени средства.

Можноста Бугарија да излезе од клинчот во за нијанса по-светла боја од таа што и е одредена како „кочничар“ на европската иднина на земјите од Западен Балкан, по се изгледа не му се допаѓа на г-н Вангелов, па затоа си ја дозволил волноста да застанува на „браникот на Татковината“, со речник на дете од четврто одделение.

Ја очекувам колумната на Вангелов во која тој ќе ја прошири и ќе ја надогради својата теза за шпанскиот и португалскиот јазик.

До тогаш, г-н Никола Димитров нека не губи време. Нека ги активира своите контакти и нека се избори Закаријаш да ги врати своите зборови назад или пак, ако ептен не може, да се извади со редовниот трик на македонската историографија- толкувањето. Толкувала пред бугарските медиуми, за да не ѝ се налутат.

„Таму каде што треба да стои македонскиот јазик е различен од бугарскиот реков дека е ист, за да им го направам ќефот на БНР, БГНЕС, Фактор и редица други бугарски радиостаници, информативни агенции и портали. Ако загрижените за посебноста на македонскиот јазик пишувачи на латиница очекуваат некаква таква „поправна“ изјава од Закаријаш, си велам дека многу ќе имаат за чекање, но додека чекаат можат конечно да се научат да пишуваат на кирилица.

Претходна статија

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата за македонскиот и бугарскиот јазик на Ана Паула Закаријаш

Следна статија

(АУДИО) Еве ја изјавата на Закаријаш чија автентичност ќе ја проверува МНР

Најново од Истакнато