ДЗС: 21, 6 % ОД ЛУЃЕТО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СИРОМАШНИ СПОРЕД ПОДАТОЦИ ОД 2019 Г.

Според податоците, во 2019 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесувала 21.6 %, станува јасно од соопштението на Државниот завод за статистика објавено на веб страната на институцијата.

loading...

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2019 година е 19.3 %.



loading...

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.5 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30.7 %, стои во соопштението на ДЗС.