| |

Еден од претседателите на ВМРО во Бугарија со покана за Рашела Мизхрахи: „Повелете на тв дебата, на лагата и се кратки нозете“

Александар Сиди, член на претседателството на ВМРО-БНД во Бугарија преку социјалната мрежа Facebook ја покани неговата колешка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на тв дебата во Софија или Скопје.

„Г-ѓата Мизрахи и јас имаме многу заедничко. Ќе почнам со тоа дека и двајцата сме со еврејско потекло, двајцата сме членови на организациите кои го носат името на Организацијата на чело со Иван Михајлов, поточно ВМРО. Организација која има одлучувачка улога во спасувањето на бугарските Евреи, и двајцата сме политичари.
Затоа би било корисно да направиме јавна дебата на лице место, во време и на телевизија, што ќе и бидат удобни за г-ѓа Мизрахи. Да зборуваме искрено пред луѓето со факти и аргументи, а не со лаги и манипулации, кои се фашисти, кои комунисти и што е ВМРО.
Ајде госпоѓо Мизрахи, да ја запознаеме македонската публика со вистината, бидејќи ја знаете старата бугарска поговорка: „На лагата и се кратки нозете“.“, пишува членот на претседателството на ВМРО-БНД Александар Сиди, кој е од еврејско потекло исто како и неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

Слични Објави