| |

Колев: Името на Ванчо Михајлов и после 32 години од неговата смрт е кошмар за комунистите и србоманите

Спомнувањето на името на Ванчо Михајлов и после 32 години од неговата смрт е кошмар за комунистите и србоманите. Ова преку социјалните мрежи го објави Петар Колев, претседател на ГДУ.

„„Мене ме испрати Ванчо Михајлов да исполнам присудата”!
Владо Черноземски

Приказната што некој се обидува да ја претстави за „фашистот“ Иван Михајлов, е истата како огромниот дел од нашата официјална историографија. Важи од Гевгелија, та некаде до Врање и Ниш.

Легендарниот водач на Македонското ослободително движење доживеал длабока старост и починал во Рим, ниту една меѓународна организација, институција или суд не го ниту побарале, а камоли да го обвинат како фашист.

Знам дека некои комунистички и српски структури никогаш нема да му простат за тоа што бил и никогаш не криел дека е антикомунист, учествувал во задушувањето на комунистичкото востание -Септемвриското востание од 1923 г. во Бугарија.
Знам дека никогаш нема да му простат за тоа што се гордеел и бил достоен Бугарин и сериозен противник на српството и српскиот комунизам, но најмногу ги боли и никогаш нема да му простат за брилијантно организираниот атентат на српскиот тиранин Александар Караѓорѓевиќ.

Вечна ти слава војводо! После 32 години од твојата смрт само спомнувањето на твоето име е кошмар за комунистите и србоманите!“, напиша на својот facebook профил Петар Колев, претседател на ГДУ.

Слични Објави