Нова рунда преговори за името: Денеска средба на Димитров и Коѕијас со Нимиц во Виена
Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас денеска во Виена ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц.
Претходно Коѕијас и Димитров имаа средба на 12. април во Охрид, а пред тоа повторно се сретнаа во Виена на 30. март.
Коѕијас неодамна изјави дека договор не може да се постигне до јулскиот самит на НАТО, а вчера еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан изјави дека очекува прашањето за името меѓу Македонија и Грција да биде решено во наредните 15 дена.
Македонскиот премиер Зоран Заев, коментирајќи ја изјвата на Хан, рече дека не верува оти за две недели може да се реши спорот за името, а Грчкото министерство за надворешни работи преку соопштение реагираше на изјавата на Хан, повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.
Извор: еМагазин

