LIKE A ROLLING STONE…

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

loading...

Once upon a time you dressed so fine
Threw the bums a dime in your prime, didn’t you?

…How does it feel, how does it feel?
To be without a home
Like a complete unknown, like a rolling stone…

by Bob Dylan

Омилениот братучед среде бел ден исчезна!? „Вчерашните„ и „денешните„ опозициско-владини апаратчици се натпреваруваат кој има помалку(или повеќе) фотографии, услуги, судии и обвинители на „лагер„ кај омилениот братучед. Па јели то могуќе другарице и другови,баш сад кад вам је НАТО ушао,сунце ли вам…веројатно би рекол некогашниот Голем Син на сите народи и народности.


loading...

Партал се стори ова „опшествово„ додека се „инклузиравме„ со сиот наш мултиетнички народ (е сега, и тоа си има лимит) Едните се „ажурираат„ по куќите,како што и им доликува на скоевците, другите гордо се потпишуваат во антипописниот тефтер, Владиниот Везир редактира учебници и поставува сообраќајни знаци(строго тријазични) а Владиниот Елиот Нес строго го контролира нивото на водата во стомната. Демек,да не се препие некој. А да, почнавме и ние да се вакцинираме. Помалку,внимателно и претпазливо, да не ја зае….геополитичката рамнотежа. Уште тоа ни е кусо.

Секако,тука е и неизбежното – Уа бугари! Ние така спастрени и дотерани, северно ориентирани (ама баш на оној Север мислам) таман таму да пуштиме нога, од чиста злоба не спречија. Инаку сме си таман. Ќе нураме по гепеците и гаражите уште ден,два и толку!

Владата на Хибридната Република одамна ја „заврши„својата работа. Времето кое сега го користат е само „бакшиш„ дилемата е дали „новото нормално е нормално„?