ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ИЗРЕЧЕНА ПРЕСУДАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „МОНСТРУМ“

Во Основниот кривичен суд во Скопје, денеска треба да биде објавена пресудата за предметот „Монструм“ за петрактно убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

loading...

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Тоа е еден од најсложените случаи од осамостојувањето на земјата. За „Монструм“ беа оранизирани и протести од страна на семејствата на осудените.



loading...

Бејди Ајдари, еден од роднините на осудените, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека Стево Пендаровски за време на еден протест му рекол дека „ако се открие вистината за Монструм, може да има војна“. Потоа од кабинетот на претседателот ги демантираа овие тврдења на Ајдари.

Извор: Зум.мк