СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ОСТАНУВА ДА ЈА ВОДИ ОДВОЕНАТА ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈОТ „ТЕНК “
Судијката Добрила Кацарска останува да ја води одвоената постапка во случајот „Тенк“ во која на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и се суди за набавката на луксузниот мерцедес.
Ваква одлука донесе претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на барањето на адвокатите на обвинетата Јанкулоска за изземање на Кацарска од предметот.
Судијката Кацарска не даде образложение зошто е одбиена на барањето за изземање, туку само им го врачи решението на адвокатите на Јанкулоска.
Претходно адвокатите на Јанкулоска побараа изземање на судијката поради утврдена дискриминација од Комисијата како и поради непочитување на правото на пресумција на невиност на обвинетата.
Судењето за „Тенк“ е во тек со сослушување на сведоци.
Извор: МКД.мк

