КОНЦЕРТ ЗА ПРИМЕРНИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО КПУ ЗАТВОР-СКОПЈЕ

Ресоцијализацијата во општеството, вклучително и на осудените лица, е важен предизвик за сите нас…

Ние како општество сме должни, по вашето напуштање на овие казнено-поправни установи, да обезбедиме услови за ваше постепено враќање во социјалните структури на општеството, да создадеме можности за подобар живот за вас, но и за вашите семејства“, истакна министерот за култура Асаф Адеми вечерва, пред почетокот на концертот кој беше организиран за лицата лишени од слобода во казнено-поправната установа Затвор Скопје. Тој додаде дека во изминатиот период, Министерството за култура заедно со националните установи од областа на културата реализираше една поширока акција со повеќе културни активности за ресоцијализација и едукација, настани кои се одвиваа како дел од Меморандумот за соработка, кој Министерството за култура го потпиша заедно со Затворот Скопје.

Министерот за култура посочи дека Министерството за култура и во иднина преку своите национални установи, во рамките на своите надлежности, стои на располагање, на казнено-поправните установи да им понуди културни содржини од различен вид.

Во изминатиот период со огромен интерес беа проследени и претставата „Нешто пропуштаме“, во изведба на Театарот „Комедија“, како и македонскиот игран филм „Исцелител“, кој е хит филм од поновата домашна продукција со бројни награди низ светот.

Слични Објави