КОЅИЈАС ТВРДИ ДЕКА САД НЕ ВРШАТ ПРИТИСОК ВРЗ ГРЦИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Министерот за надворешни работи на Грција ги одби тврдењата дека САД вршат било каков притисок врз Атина за брзо решавање на прашањето околу името на Република Македонија. Коѕијас изјави дека постои заинтерасираност од американска страна до каде се преговорите и додаде дека Грција нема да дозволи да биде притискана. Вчера шефот на грчката дипломатија се сретнал со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон и помошниот државен секретар Вес Мичел. Главни теми на состаноците биле грчките позиции, за регионот, Блискиот исток, односите на Грција со Турција и преговорите за името.