РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ГРАЃАНСКИ ОРИЕНТИРАН УРБАН РАЗВОЈ БАЗИРАН НА ПОДАТОЦИ“

//

Денеска во Архитектонскиот факултет, во рамки на активностите на меѓународниот проект ЕУКАНЕТ (EUCANET) се одржува работилница на тема „Граѓански ориентиран урбан развој базиран на податоци“.

На работилницата, која ќе се одржува во наредните три дена, ќе се демонстрира потенцијалот и предностите од користење на разните дигиталните алатки во истражувањата при собирањето на податоците, кои би резултирале со користење на нов кориснички или граѓански ориентиран пристап за подобрување на урбаниот развој и дизајн во Скопје.

На отворањето на работилницата пред присутните се обрати и градоначалникот Шилегов.

Учесниците на работилницата во Скопје се студенти од соодветните градови-партнери, експерти од ЕУКАНЕТ, професори и истражувачи фокусирани на граѓански ориентирани процеси на урбан развој кои се базирани на податоци, локални институционални и граѓански чинители, носители на одлуки и други.



EUCANET (Мрежа на Европски агенции за граѓанско вклучување и партиципација преку урбан трансформационен процес) е мрежа која е составена од Асоцијацијата Урбан центар Метрополитано Торино (Associazione urban center Metropolitano Torino), Градот Скопје, Градот Марсеј (Франција), Асоцијацијата за развој на Метрополитанскиот дел на Клуж, Романија (Cluj Metropolitan area intercommunity development association), како и Урбаниот центар од Болоња, Италија.

Целта на мрежата ЕУКАНЕТ е истражување и споделување на знаење и добри практики за тоа како граѓаните и граѓанските организации (граѓанскиот сектор) подобро да се вклучат и партиципираат во процесот за креирање на урбани политики, како и подобро решавање на конфликтите кои произлегуваат од овој процес.

Претходна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ПРИРЕДИ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА

Следна статија

СДСМ: КОСТАДИНОВ- ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА ЗЕМАЛ ПАРИ, МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ТОА ШТО ГИ ЛАЖЕШЕ

Најново од Вести